08. Jul 2010 10:59 Изложба на Трајко Тошевски во Прилеп

 Во Изложбениот салон на Националната установа Центар за култура “Марко Цепенков“ – Прилеп вечерва со почеток во 20 часот ќе биде отворена изложба на слики на кумановскиот академски сликар Трајко Тошевски.

Изложба на Трајко Тошевски во Прилеп

Изложбата содржи дваесетина слики рабоени во техниката масло на платно и е дел од најновото творештво на Тошевски. Се работи за сликарски израз сведен на знаци и симболи поставени во разни контексти и позадини.Тој има над дваесетина самостојни и над четириесет групни изложби.Изложбата беше презентирана во Куманово а во Прилеп ќе биде поставена до 23 јули за да потоа ќе биде претставена и во неколку други галерии низ државата.