23. Jun 2010 10:07 Изложба на Трајко Тошевски
Утре вечер во 20 часот во Изложбениот салон на Центарот за култура “Трајко Прокопиев“ ќе биде отворена изложба на слики на кумановскиот академски сликар Трајко Тошевски.
Изложбата содржи дваесетина слики рабоени во техниката масло на платно и е дел од најновото творештво на Тошевски. Се работи за сликарски израз сведен на знаци и симболи поставени во разни контексти и позадини.
Тошевски досега учествувал на повеќе групни изложби, а има над дваесетина свои самостојни изложби .Изложбата во Куманово ќе биде поставена до 8 јули, а потоа ќе биде претставена и во неколку други галерии низ државата.
Изложбата е подржана од Министерството за култура.

























