07. Jul 2010 08:53 Изложба на уметничка фотографија „Фото Фокус„

 Утревечер во центарот за култура „Трајко Прокопиев„ ќе биде отворена изложбата на Македонската фотографија – Фото Фокус 2010.

Изложба на уметничка фотографија „Фото Фокус„

 На изложбата на уметничка, македонската фотографија “Фото Фокус 2010„ пристигнаа 882 фотографии од 103 автори и тоа: 7 фото клуба и самостојни автори. За поставката на изложбата примени се 105 фотографии од 59 автори, соопштуваат организаторите.

При тоа доделени се следниве награди:

Прва награда:  Дејан Гилевски (ФК Елема) – “Ерусалим-западниот ѕид 1“, втора награда: Игор Тимчевски (ФКК Козјак 50) – “Молитва“, Трета награда:  Мартин Димитриевски – “Моето омилено место“

Дипломи добија:  Сања Николиќ (ФК Елема) – “La muse“, Благоја Јанкоски – “Грекај“, Ана Андоновска (ФКК Козјак 50) – “Пат 1“

Отварањето на изложбата е закажано за 20 часот.