10. Oct 2011 10:28 Kомедија на пеќкиот театар

Градскиот театар од Пеќ, Косово, вечерва ќе гостува на Деновит на комедија со претставата „Брат за брат, кисело млеко за долари„ во режија на Ахмет Јакупи.
Thumbnail

Актерската екипа ја сочинуваат Лабинон Лајчи, Рудина Жара, Љуљзим Гухели, Адеиана Морина и Фјола Нуши.

Во претставата се прикажува носталгијата на Албанците во Америка. Ти го оставаат луксузот во туѓина, само за да се оженат со Албанка. Сетоа тоа прави низа интересни и комични ситуации кога во целата работа ќе се вмеша и сиромашниот брат.

Претставта почнува во 20 часот во Центарот за култура.