02. Dec 2011 10:36 Комедија „Ни ваму, ни таму“

 Во Народниот театра Куманово утре вечер ќе биде прикажана комедијата „Ни ваму, ни таму„ во продукција на „Забавно-рекреативниот театар“ Скопје и НУЦК „Григор Прличев“ - Охрид.

Thumbnail

Се работи за комедија од современиот живот во која двајца пријатели, едниот иселеник а другиот доселеник, случајно се наоѓаат на еден европски аеродром. На невообичаен и хумористичен начин, тие 75 минути ги фалат и кудат предностите на Mакедонија и „светот“.

Автори на текстот се: Бојан Трифуновски, Симеон Дамевски и Љупчо Тодоровски-Упа.

Играат: Љупчо Тодоровски - Упа, Симеон Дамевски и Никола Кумев.

Претставата започнува во 20 часот, а картите можат да се купат на благајната на Народниот театар.