19. May 2010 11:54 Концерт на хармоника

 Во центарот за култура „Трајко Прокопиев„ утревечер концерт на хармоника ќе одржи Златко Мадевски со придружба на Блаже Велков,Никола Велков и Зоран Ицов.

Концерт на хармоника

 На програмата се предвидени дела на Моцарт, Воитенко, Белошицки, Репников, Волотарјов, Скарлати, Ангелис, Прибилов и Дербен.

Златко Мадевски е доцент на Факулетот за Музичка уметност во Скопје по инструментот хармоника и камерна музика. Со педагошка дејност започнал од 2004 година во Музичко Училиште “Панче Пешев” во Куманово,а во текот на неговата кариера освоил бројни награди и одржал бројни концети низ земјата и странство.

 Концертот ќе се одржи во малата сала со почеток во 20 часот