26. Jul 2010 10:49 Концерт на обоа и пиано
Утревечер во малата сала на Центар за култура “Трајко Прокопиев“ – Куманово, со почеток во 20 часот, концерт ќе одржат Томе Атанасов на обоа и Огненка Герасимовска на пиано.
На програмата се дека на Бах, Адагио, Шуман, Каливода и други.
Томе Атанасов е роден во Скопје а музичко образование стекнува во Скопје во ДМБУЦ”Илија Николовски Луј”,обоа. Во текот на минатата сезона има остварено повеке од 130 соло концертни настапи со оркестар.
Огненка Герасимовска е родена во Скопје,дипломира и магистрира на факултетот за музичка култура.
















