06. Dec 2011 08:56 Концерт на Skopje Ladies Orchestra

Утре во 19.30 часот во малата сала на Националната установа Центар за култура “ТрајкоПрокопиев“ - Куманово концерт ќе одржи камерниот оркестар Skopje Ladies Orchestra .

Thumbnail

 Skopje Ladies Orchestra е камерен ансабл, формиран 2008 година од  професионални музичари и солисти. Има реализирано повеќе значајни проекти, меѓу кои и настапот на Скопско Лето 2009 и Летен Културен Бран 2010.

Карактеристика на овој ансабл е стремежот на публиката да и подари нешто ново, несекојдневна музичка интерпретација, но совршено спокојна и потчинета на законите на убавината. За високите музичко естетски критериуми на изведба кои си ги поставува ансамблот сведочат и секогаш внимателно составената програма. Солист на концертот е Надица Ристиќ - обоа, а гост на проектот Митко Ивановски - контрабас.

Програма:

1. Д.Шуплевски- Капричо

2. Е.Мориконе- Габриелова обоа

3. Е.Сати- Гимнопедиа 1

                Гимнопедиа 2

                Гимнопедиа 3

4.П.И.Чајковски - Серенада за гудачи

                           -Алегро

                           -Валс

                           -Елегија

                           -Престо