18. May 2010 11:47 Концерт посветен на Шопен

 Полската амбасада во Македонија во соработка со Центарот за култура „Трајко Прокопиев„, утревечер организира концерт по повод 200 години од раѓањето на Шопен.

Концерт посветен на Шопен

 Концертот ќе биде во изведба на дуото Талија, односно ќе настапат Пламенка Трајковска со виолина и Билјана Петровска со пијано.

Концертот беше најавен од страната на полскиот амбасадор, кој пред неколку денови беше во официјална посета на градоначалникот Зоран Дамјановски.

Како гости се очекуваат да настапат и Ивана Кузмановска и Анастасија Грговска.

Концертот ќе се одржи во малата сала со почеток во 20 часот.