12. May 2010 13:40 Кумановските матуранти ќе танцуваат на „Летот на лилјакот“

 Четврта година по ред  матуранти од Куманово ќе бидат дел од масовната прослава што паралелно ќе се одвива во седумдесетина градови во Европа.

 Учениците од завршните класови на средните училишта во градот ги привршуваат подготовките за изведба на Штраусовиот валцер „Летот на лилјакот“ на Градскиот плоштад. Секојдневно вежбаат  во салите и училишните дворови.

Танцот на матурантите кој ќе го “диригира“ словенечкото радио „Вал 202“ ќе почне на 21 мај точно на пладне.