14. Sep 2011 14:18 “Лесново 2010“ во Куманово
Утревечер во 20 часот, во Изложбениот салон на Центар за култура “Трајко Прокопиев“ - Куманово ќе биде отворена изложба на слики од 19-тата ликовна колонија “Лесново 2010“.
На изложбата ќе бидат презентирани околу триесетина слики на уметниците од Србија: Ана Милетиќ, Невена Стефановиќ и Нада Зајелац, од Бугарија: Станислава Чапканова и Константин Чапканов и од Македонија: Елица Димитрова, Николета Стојчевска, Маријана Шијаковска, Ивана Младеновска, Дијана Богдановска, Дарко Трпчевски, Владимир Темков, Ѓоко Антониев, Марио Милосов и Дарко Заревски.
Изложбата во Куманово ќе биде поставена до 29. септември.
Изложбата се реализира како резултат на повеќегодишната соработка со Домот на културата “Злетовски рудар“ - Пробиштип и Центар за култура “Трајко Прокопиев“ - Куманово.
