08. Aug 2011 15:24 Ликовна колонија "Куманово 2011"
Кумановско културно лето продолжува со уште една ликовна колонија. Ликовна колонија "Куманово 2011" ќе биде отворена во петок во Меморијалниот центар во Пелинце.
На колонијата ќе учествуваат 15 ликовни уметници од речиси сите држави од регионот. Ликовната колонија Куманово има четири децениска традиција и досега учествувале над 650 еминентни ликовни творци кои оставиле околу 900 вредни уметнички дела.
"Колонијата се вбројува во редот на најстарите ликовни манифестации во државата,која веќе четири децении успешно опстојува. Интернационална по својот карактер,колонијата се одржува од 1974-та година, менувајќи ги локациите поради општествено-политичките промени"- вели Перо Величковски од Уметничката галерија.
Инспиративниот амбиент за творење во меморијалниот центар АСНОМ во Пелинце дава можност за несекојдневна уметничка креација на учесниците. Колонијата ќе трае до 22 август. Делата од годинешнава и минатогодишната колонија, граѓаните ќе може да ги видат на изложба во септември.
