04. Oct 2011 10:16 Метаморфози на Денови на комедија

 Со претставата „Метаморфози„ од Овидиј, во режија на Андреј Цветановски, во изведба на Народниот театар од Охрид,  вечерва продолжуваат Деновите на комедија во Куманово.

Thumbnail

Претставата зборува за митот како единица мерка за времето на една цивилизација. Како да се победи досадата од бесмртноста и дали боговите сакаат да стават луѓе колку што ние сакеме да станеме богови?

Настапуваат Горан Стојаноски, Јасмина Билаловиќ, Ивица Цонев, Биљана Билаловиќ, Никола Тодороски, Адријана Билаловиќ, Стрезо Стаматовски, Македонска Илиевска, и глас од горе Игор Георгиев.

Претставата започнува во 20 часот во Центарот за култура.