14. Dec 2011 10:59 Награден конкурс за делото на Свети Сава

 По повод прославата на националниот празник на Србите во Македонија - Свети Сава,  на 27-ми Јануари, Обединета српска заедница и Коло на српските сестри распишуваат награден конкурс за ликовни и литературни творби.

Thumbnail

Конкурсот се однесува за учениците од основните училишта. Литературните творби мора да бидат напишани на српски јазик, а темите се „ Денес сите Срби неговиот спомен го слават„, и „ Да воскликнеме со љубов на просветителот Сава“.  Најдобрите творби ќе бидат наградени со книги.

 Ликовните и литературните дела треба да бидат доставени до Обединетата српска зедница Куманово до 22 јануари наредната година.