31. Aug 2011 15:23 Нови книги во Градската библиотека

 Над 1300 нови наслови, од осумнаесет издавачки куќи набавила библиотеката "Тане Георгиевски", пред почетокот на учебната година.

Thumbnail

"Најголем дел се белетристика,енциклопедии, лексикони и стручна литература која се бара од нашите читатели. Се надеваме дека со овој избор читателите ќе најдат книга што ќе ги задоволи нивните вкусови. Ова е најголема набавка што се прави во текот на годината и се обидеовме да опфатиме најголем дел од насловите што се излезени во периодот помеѓу два сајма"- вели директорката Нада Ивановска.

Читателите ќе може да ги позајмуваат книгите од први септември.