18. Aug 2011 14:16 Октетек од Љубљана со концерт во Куманово
Во недела во соборниот храм Св.Никола, концерт ќе одржи октетот Октетек од Љубљана со почеток во 20:30 часот.
Концертот се одржува во чест на празникот на Светите маченици Тријандафил и Анастасиј, кои потекнувале од струмичката епархија, а настрадале од Турците.
Октетот „Октетек“ е создаден 2008 година и го сочинуваат деца на членовите на попознатиот октет „Десети брат“ кои настапуваат повеќе од триесет години.
