08. Sep 2011 16:37 Отворена биенална изложба „Куманово“
Над 50 дела, од ликовните колонии „Куманово“ од синоќа се изложени во Уметничката галерија. На биеналната изложба поставени се дела на 30 уметници - учесници од последните две ликовни колонии а се организира по подод Денот на независноста во соработка на локалната самоуправа и Музејот Куманово.
Изложбата ја отвори градоначалникот Зоран Дамјановски.
Се работи за најзначајната ликовна манифестација во градот, која е всушност и најголемиот бренд во ликовната уметност. Оваа колонија израсна во врвна манифестација, а ние денеска имаме можност да ги видиме делата создадени од врвни мајстори.Колекцијата на колонијата секоја година се збогатува на задоволство на градот - рече Дамјановски.
Ликовната колонија „Пелинце“, опстојува повеќе децении. Основана е 1974 година а се одржуваше во манастирите Прохор Пчински и Матејче, во галеријата Куманово, а сега во меморијалниот комплекс Пелинце. Досега се одржале 37 колонии а има создадено над 800 дела.
