30. Apr 2010 13:15 Отворена изложбата за урбанизам

 Во Центарот за култура синоќа беше отворена изложбата на наградени трудови од Меѓународниот саем на урбанизам 2009 во Ниш.

Отворена изложбата за урбанизам

 Изложбата што вечерва имате прилика да ја видите е поставка на наградените трудови на 18 Мегународен саем на урбанизам што се одржа во ноември мината година во Ниш. Тоа е една манифестација каде се претставуваат најдобрите проекти во областа на просторното планирање и урбанизмот во текот на едногодишна продукција.Минатотат година имавме 15 гости од Македонија, од кој охридско-преспанскиот просторен план беше и награден- вели Драган Радивојевиќ, директор во Заводот за урбанизам во Ниш.

Изложбата е отворена до 3 мај, а ја организира Асоцијацијата на архитекти Куманово во соработка со локалната самоуправа.