04. May 2010 10:47 Пензионерите со "Бесада за Гоце Делчев„
Здружението на пензионери Куманово вечерва организира "Бесада за Гоце Делчев". За ликот и делото на великанот Гоце Делчев, ќе зборува Мирко Макрешански.
Ќе бидат прочитани стихови, а ќе настапат и солистите и хорот на КУД „Ѓоко Симоновски„. Литературното читање ќе се одржи во малата сала на Центарот за култура со почеток во 19 часот.
















