29. Jul 2010 10:44 Поетска вечер "Илинденски секавици"

 Утре со почеток во 20 часот на Градскиот кеј ќе се одржи поетска-музичка вечер "Илинденски секавици". Вечерта ја организира Здружението на жените "Нада Михајлова" и поетскиот клуб "Деница" од Куманово.

Поетска вечер

 Имаме подготвено програма по која ќе настапине пред кумановската јавноста.Ќе има хумористични точки, модна ревија, читање на поезија од членовите на организацијата. По читањето на литературниот дел најавуваме прослава со музика, забава и дружење за сите што ќе присуствуваат - вели претседателката Зора Ивановска.

Кумановските поетеси го најавија и осмото издание на стихозбирката "Обденица" што е во подготовка. Од оваа година со своите творби им се приклучи и прилепчанката Мирјанка Ристовска- Селчанец.