27. Oct 2011 12:32 Поетска вечер со Никола Маџиров

 Утре вечер во 19 часот во трговски центар СУМА во, кафе „Taboo“ се организира поетска вечер со Никола Маџиров.

Thumbnail

 Маџиров е роден во Струмица. Објавува поезија, есеи и преводи. Досега ги објавил збирките поезија „Заклучени во градот„, „Некаде никаде„, „Во градот, некаде„, и „Преместен камен„ за кои добил престиѓни награди. Според неговата поезија снимени се два краткометражни филмови во Софија и Загреб. Бил учесник на повеќе интернационални поетски фестивали и добитник е на неколку меѓународни признанија и стипендии. Работи како уредник, книжевник и преведувач.

Поезијата на Никола Маџиров е вклучена во изборот на светската современа поезија подготвена од монголскиот поет Хада Сендо, основач на едицијата „Светски поетски алманах“.