24. Jun 2010 15:52 Премиера „Душички„ во Кумановскиот театар

 На гладот леб ќе му подадете. На телото партали. На главата кров. А душата? Оваа е прашањето кое се поставува во претставата „Душички„ работена по текст и режија на Загорка Поп-Антоска - Андоновска, што премиерно ќе биде изведена во саботата на сцената на Кумановскиот театар

Премиера „Душички„ во Кумановскиот театар

 Драматургот Поп-Антоска Андоновска реши својот текст да реализира на сецана и да понуди забавен концепт на публиката со елементи на трагична фарса која ќе остави простор за размилување за вистинските вредности кои се изгубени во времето и околностите во 21-век.

    Прв пат сум во кумановскиот театар и наидов на одлична соработка. Успеавме да го реализираме проектот за кратко време. Откако е напишан текстот, размислував како да го прилагодам кон актерите во Куманово,но и кон публиката. Луѓето се згрозуваат од темните животни приказни, поаѓајќи од тој факт и дека Куманово е град на комедијата , оваа претстава ќе биде во духот на кумановци.Решив оваа претстава да биде комедија, но ќе отвори прашања за човековите вредности, моралот, љубовта...Верувам дека публиката ќе го препознае тоа и ќе имаме успешна премиера - рече режисерката Поп-Антоска Андоновска.

Во претсвата играат актерите Алексанра Пешевска , Горан Илиќ и Драгиша Димитриевски и гостите Едмонд Сотир од Велешкиот театар и Весна Гаврил дипломец на Факултетот за аудио-визуелни уметности Есра, Скопје.

Во „Душички„, покрај ликот на Пуки, се јавувам и како кореограф. Односно овојпат бев задолжена за сценските движења што беше особено задовлство и предизвик за мене. Сметам дека актерот постојано треба да работи на себе и да ги надградува своите вештини и способности - изјави актерката Александра Пешевска.

Соработката со Kуманоскиот театaр и режисерката беше одлична.За оптимално време успеавме да го реализираме проектот успешно и се надевам дека ќе наидеме на добар прием кај публиката-изјави актерот Ендмонд Сотир.

 „Душички„ е петти проект на Куманосвкиот театр-одосно Центарот за култура „Трајко Прокопиев„ за оваа година. Останува подготовка на уште една претства со која е планирано да биде затворен Фестивалот Денови на комедијата.



Премиера „Душички„ во Кумановскиот театар