09. Dec 2011 16:05 Претстава „Сон на летната ноќ..ама на наш начин„
Во Народниот театар Куманово, вечерва ќе биде прикажана претставата „Сон на летната ноќ„ од Вилијам Шекспир во изведба на драмската група Мулти- култи.
Претставата е подготвувана седум месеци од средношколци, кои на несекојдневен и модерен начин ќе прикажат едно “класично” драмско дело.
Претставата започнува во 20 часот.
