26. Jul 2010 12:51 Продолжува Кумановското културно лето
Вечерва во ноќниот клуб „Версај„ со почеток од 21 часот ќе се одржи театарската претстава "Гола до пола" во продукција на Театарот "Крик" од Скопје.
Утревечер на градскиот плоштад КУД "Бајрам Шабани" ќе одржат фолклорна смотра од северозападниот регион на Македонија. Културните манифестации се дел од проектот Кумановско културно лето што го организира Локалната самоуправа Куманово.
















