29. Sep 2011 10:14 Промоција на двобројот Корени

 Во меморијалниот центар Пелинце утревечер во 19.30 часот, по шести пат ќе се одржи меѓународната манифестација „Вечер со боја на вино„ на која ќе бидат промовирани најновите броеви на списанието Корени, а ќе бидат врачени наградите на најдобрите „Мартовски есеи„. 

Thumbnail

 Годинава добитници на наградите се: Дејан Богојевиќ од Ваљево, Христо Петроски од Скопје, Цонка Христова од Габрово (Бугарија) и Томислав Османли од Скопје. Редакцијата на "Корени оваа година признанието на автор, кој перманентно придонесува за развој на македонскиот есеј, го доделува на Ферид Мухиќ. За неговиот портрет ќе говори проф. Иван Џепаровски. Свое обраќање ќе имаат и проф. Лидија Капусевска Дракулевска, Дејан Богојевиќ, Цонка Христова и Биљана Станковска.Манифестација и годинава  ке ја следи винаријата СКОВИН. Манифестацијата е дел од Кумановско културно лето.