15. Dec 2011 10:53 Промоција на книгата „Ако„
Утревечер во Центарот за култура „Трајко Прокопиев„ ќе биде промовирана книгата „Ако„ од Трајче Кацаров.
Промотори ќе бидат Маја Јакимовска-Тошиќ и Христо Петрески. „Ако„ ја доби наградата „Григор Прличев„ за најдобра поема во 2011 година. Промоцијата се организира во соработка со библиотеката Тане Георгиевски. Почетокот е во 19.30 часот во малата сала.
