14. May 2010 13:53 Распишан конкурсот Самоуки 2010

 Центарот за култура „Трјако Прокопиев„ го  распиша конкурсот "Самоуки 2010" на кој можат да конкурираат сите уметници кои аматерски се занимаваат со сликарство.

Распишан конкурсот Самоуки 2010

 Сите заинтересирани можат да учествуваат со по три дела, кои ќе ги достават до центарот до 31 мај. Изложбата ќе биде отворена на 10 јуни.