29. Jun 2010 11:07 Се одржа вечерта со боја на вино

 Во меморијалниот центар Пелинце се одржа традиционалната манифестација „Вечер со боја на виното„ која по пети пат ја организира Друштвото за наука и култура “Парадигма од Куманово.

Се одржа вечерта со боја на вино

 Повод за оваа манифеастација е годишниот конкурс на списанието “Корени”, кој има задача да го негуваат есејот како книжевна форма.

Годинава лауреати на паричните наградите на списанието беа Роберт Алаѓозовски , Слободан Беличански, Христо Петрески и Аго Хаурудиќ, додека кај младите есеисти признанијата ги понесоа Симона Стојановска, Моника Филиповска и Драгана Денковска.  Списанието “Корени” секоја година доделува и признание на македонски автор кој дава перманентен придонес за развој на македонскиот есеј. Тоа призание оваа година го доби Александар Прокопоиев-вели уредникот Димитар Масевски.

 На вечерта со боја на виното за делото на Прокопиев зборуваа Лидија Капушевска Дракулевска, Страшо Милошевски, Драгана Ефримова, Игор Димитриевски, а настап имаше мајсторот на фламенгото Томислав Нешковски.

Се одржа вечерта со боја на вино