23. Jun 2010 10:21 Се отвора младински центар во Куманово

 Младинскиот Центар MULTI-КУЛТИ кој е дел од  проект “Подобрување на меѓуетничкиот дијалог и соработка помеѓу заедниците“ денеска свечено ќе биде отворен ул.Илинденска во Куманово.

Се отвора младински центар во Куманово

 На отварањето обраќање ќе имаат градоначалникот на Куманово и претставници на УНИЦЕФ  од ЦМД.

Центарот за меѓукултурен дијалог од Куманово започна со имплементација на проектот  “Подобрување на меѓуетничкиот дијалог и соработка помеѓу заедниците“, кој е поддржан од Канцеларијата на УНИЦЕФ во Скопје како дел од заедничката програма на ОН, а финансирана од Шпанската Влада-вели Андријана Колевска од ЦМД.  

Цел на проектот е создавање на услови за одржлив меѓуетнички дијалог преку поттикнување на меѓукултурното учење и комуникација меѓу децата и младите од основните и средните училишта.