22. Aug 2011 13:18 Шеесет нови дела на ликовната колонија Куманово
Академски сликари од Македонија, Бугарија, Србија и Шведска учествуваа на 35-тата меѓународна ликовна колонија „Куманово 2011„ во рекреативниот центар Пелинце.Колонијата ќе биде збогатена со шеесетина дела од врвни сликари, кои од Куманово ќе понесат прекрасно искуство и спомени.
Работам со буквите од глаголицата и се обидувам да ги вметнам во моите уметнички дела најчесто во пејсажите.Ги искористив овие букви за да направам прекрасен пејсаж на Кокин,о односно со еден уметнички приказ преку буквите да создадам рамка на мегалитската опсерваторија-изјави Антонија Дуенде сликар од Бугарија.
Дел од уметниците досега учествувале на колонијата, и велат дека е една од поретките каде се негува пријателството.
Овде е многу пријатно, и одлично се чувствувам, на колонијата се негува и пријателство меѓу уметниците од повеке држави. Јас работам апстрактна експресија, а инспирација црпам од конкретна визија- изјави Румен Жеков, сликар од Бугарија.
Уметникот Иван Тотев е единствениот скулптор што учествува на колонијата.Во Пелинце тој ќе остави скулптура, која како што вели, ќе биде импровизација на волчица, слична на римската со Ромул и Рем.
Природата во Пелинце е чудесна,местото е многу убаво за творење, првпат доаѓам во Македонија, но она што го видов овде ги надмина моите очекувања- изјави Тотев, скулптор од Бугарија.
Колонијата ја организира Музејот и Локалната самоуправа.Делата од ова издание може да се видат во кумановската галерија, како и во другите градови во државата.
