23. Aug 2011 14:43 Семинар за раководители на тамбурашки оркестри
Во рамките на програмата на Кумановско Културно Лето 2011, утре во 12 часот, во Меморијалниот центар „АСНОМ“ – Пелинце, ќе биде отварен Семинар на раководители – диригенти на Тамбурашки оркестри, членки на Европски тамбураски сојуз.
По отварањето ќе биде одржан прес за VII Меѓународен Фестивал на Тамбурашки оркестри, кој започнува два дена покасно на 26 Август, на Градскиот Плоштад во Куманово.
