27. Oct 2011 12:01 Скулптури на новото време во Прилеп

  Во Изложбениот салон на Центарот за култура Прилеп, утре ќе биде отворена биеналната изложба на скулптури – “Скулптури на новото време 2011”.

Thumbnail

Изложбата е во организација и координација на Националната установа Центар за култура “Трајко Прокопиев” – Куманово. На оваа изложба учество зедоа следниве автори: Александра Петкова Гианели, Ангел Димовски Чауш, Ангел Коруновски, Беди Ибрахим, Богоја Анѓелкоски, Емил Солески, Габриела Ацеска, Горан Ѓорев, Горан Стаменков, Маја Крстева, Маја Крстева, Марија Стојаноска, Маријана Милеска, Марјан Стојаноски, Мартина Тоневска, Мирослав Величковски  и други.