30. Jan 2012 13:28 Светосавска вечер за срце и душа

Од културно-уметничката програма импресивен беше настапот на белградските уметници Никола Рацков, Оливер Њего, Екстра Нена и Лепомир Ивковиќ.

Thumbnail

Националниот празник на Србите во Република Македонија, „Свети Сава„ Обединетата српска заедница Куманово го прослави со извонредна Светосавска академија. Гостите во име на организаторот ги поздрави претседателот на ОСЗ Часлав Јовановиќ, а свое обраќање имаше амбасадорот на Република Србија во Македонија Томислав Ѓурин.

Во целиот свет се одржуваат манифестации по повод српскиот празник. Овој светец за Србите е ист како „Свети Наум Охридски„ за Македонците. И тоа зборува за нашата блискост. Куманово е посебно значаен град за односите на двата народи, и град во кој за првпат српскиот јазик е воведен за официјален јазик. Ние интензивно работиме на уште поголемо зближување на двата народа, како што се нашите светци, нашите јазици, нашите празници. И нашиот потенцијал во спортот покажува колку ние заслужуваме да бидеме дел од светот. Македонците и Србите деновиве имаа успешни спортски денови. Ние имаме потенцијал не да бидеме граѓани на Европа, туку граѓани на светот- истакна Ѓурин.

Во културно-уметничката програма учествуваа ученици од неколку основни училишта од градот, а посебно и несекојдневно доживување за публиката беше настапот на белградските уметници Никола Рацков професот по пијано, Оливер Њего првак на Белградската опера, пејачката Екстра Нена и Лепомир Ивковиќ првак на Народно позориште во Белград. Тие во едночасовниот настап понудија музика и глума преполна со  емоции за сечие срце и душа. Интерпретацијата на изворните српски песни, руски романси, шансони и познати стихови, никого не остави рамнодушен, поради што уметниците беа наградени со овации и громогласни аплаузи од публиката.

Заеднички заклучок на посетителите беше дека вечерта долго ќе се памети.

Светосавска вечер за срце и душа