23. Dec 2011 11:26 Светски фестивал на кратки филмови во Куманово

 Во клубот „Вајр„ во Куманово, утревечер во 21.30 часот ќе се одржи светскиот фестивал на кратки филмови „FUTURE SHORTS„.

Thumbnail

Фестивалот го организира здружението „КРАН„ од Куманово, кое работи на промовирање на уметноста и подигање на квалитетот на културната програма во Куманово.  Фестивалот на кратки филмови „FUTURE SHORTS„, за прв пат се одржува во Македонија.

Влезниците за фестивалот се во ограничен број.