06. Oct 2011 12:27 Театар Славија на Денови на комедија

 Театарот Славија од Белград, со претставата „Не се шетај гола„ од Жорж Фејдо, во режија на Вељко Миќуновиќ, вечерва ќе се претстави на кумановската публика.

Thumbnail

Во претставата играат Ана Сакиќ, Власта Велисављевиќ, Милан Лане Гутовиќ, Боривоје Нениќ и Милан Томиќ.

Во комедијата се зборува за семејството Вантруови, кои дената станале на лева нога.Тој ден ќе им го измести животот. Сите јунаци на водвиљот се со силни карактерни и уметнички црти, со комична искривеност, претераност и неосвестеност. Тие се борат за сопствените интереси и секоја ситница ја доживуваат фатално.

Претставата почнува во 20 часот во Центарот за култура.