03. Feb 2012 12:01 Усвоени програмите за култура и спорт

 Советот на Општината одвои 23 милиони денари за култура и спортот во градот. Од нив 10 милиони денари се наменети за културните манифестации, а 13 милиони денари за развој на спортот.

Thumbnail

 "Програмите се носат квартално и детално се опфатени сите сегменти од културата. Годинава останува да се реализираат меѓународните фестивали, Тамбурашки, "Рома труба фест", меѓународните ликовни колонии "Куманово","Карпино", фестивалите за детски песни "Пеперутка" и "Детелинка" како и бројни други манифестации"-информира Жика Крстевски раководител на секторот за култура и спорт.

И годинава културната програма е мултиетничка и ги опфаќа сите настани значајни за македонската, албанската, ромската, српската и влашката етничка заедница.

Средствата за спортот бележат зголемување во сите сегменти, вклучувајќи го и масовниот училишен спорт.

 Парите одвоени за развој и оддржување на културните манифестации е иста како и претходната година, додека годинешниве средства одвоени за спортот се значително повисоки во однос на минатогодишните.