10. Jun 2010 11:56 Утре „Макденс 2010„

 Во големата сала на Националната установа Центар за култура “Трајко Прокопиев“ – Куманово, утре во 20 часот ќе се одржи Републичкиот фестивал за модерен балет “Макденс 2010“.

 Овој фестивал има повеќегодишна традиција и се обидува да презентира групи кои непрофесионално се занимаваат со современите танци. Оваа година на фестивалот учество ќе земат групите: „Ултра„ и „Мак„ од Куманово, „Black&White„ од Виница, „Визави„ од Охрид,  „Група 7„ од Македонски Брод, „Газели„ и „Street dansers„ од Радовиш, „Style„ од Кочани, „Aqua„ од Скопје, „Зодијак„ од Прилеп ...

Фестивалот оваа година ќе биде од ревијален карактер.