07. Oct 2011 11:19 Вечер комедијата „Маратонците го трчаат почесниот круг„
Деновите на комедија вечерва продолжуваат со претставата „Маратонците го трачаат почесниот круг„, од Душан Ковачевиќ во режија на Кирил Петрески, а во изведба на Народниот тетар од Прилеп.
Во претставата играат Петар Димоски, Димко Вандески, Трајче Иваноски, Најдо Тодески, Димитар Црцороски, Марија С.- Илијески, Димитар Ѓорѓиевски, Зоран Иваноски и Цветанка Чавлеска.
„Маратонците го трчаат почесниот круг„ е весела комедија, актуелна и забавна претстава за публиката, за интересните случки на семејството Топаловиќ. Претставата потврдува дека и денеска текстот на Ковачевиќ, иако е пишуван пред многу години е актуелен и опфаќа теми од секојдневието.
