25. Jun 2010 01:57 Вечер со боја на вино

Вечерва во Меморијалниот центар пелинце ќе се одржи традиционалната културна манифестација „Вечер на литературата и виното„ што ја организира Друштвото за наука и култура „Парадигма“ Куманово.

Вечер со боја на вино

Вообичаено кој крајот на јуни  редакцијата на „Корени“ и локалната самопуправа ја организираат завршната манифестација на Наградниот конкурс на “Корени “ за неговите ‘Мартовски  есеи. И годинава оваа Вечер во која ке се спојат литеартурата И виното ќе се одржи во Меморијалниот центар „Пелинце„  каде со пригодна програма ке се промовира најновиот број на “Корени” ќе бидат доделени наградените есеи.Вечерта ќе биде претставен И познатиот македонски автор Александар Прокопиев, инаку добитник на овогодишното признание за придонес во македпоската есеистика и афирмација на македонаката литература  во светот-вели уредникот Димитар Масевски. 

По повод ова признание пригоден збор ќе земе проф.др Лидија Капушевска Дракулевска, а во програмата ќе учествуваа Кети Дончева Илиќ, Томислав  Нешковски, Страшо Милошевски и др.

Сите љубители на пишаниот збор и доброто вино можат да присуствуваат на овој  единствен  културен настан, а автобусот за Пелинце тргнува  во 19 часот од пред зградата на општина КУманово. Програмата почнува во 20.30 часот.