23. Jul 2010 13:56 Видео атр-презентација на Градскиот плоштад

 Во Куманово вечерва започнува презентацијата на видео арт дела од Интернационалниот видео фестивал Видеохолика.

Видео атр-презентација на Градскиот плоштад

 Првата вечер ќе се одржи на Градскиот плоштад со почеток во 21.30 часот, а утре во кафе-барот Цариград со почеток во 19.30 часот, претставниците од здружението Видеохолика ќе одржи презентација и ќе биде отворена дискусија за видо арт како и прашања поврзани со овој медиум и современата уметност воопшто.

 Фестивалот го организира Здружението за култура и уметност „КРАН„ од Куманово и здружението „Видеохолика„ од Бугарија, во соработка со Општината Куманово.

 Здруженијата за култура и уметност „Кран„ и „Видеохолика„  работат на подигање на културната свест и креирање на динамична граѓанска средина која има критички став. Една од главните активности на организација Видеохолика е истоимениот видео фестивал, кој успешно се реализира од 2008 година и е осмислен како видео арт форум  на кој се презентираат високо  квалитетни видео арт дела на уметници од меѓународната ликовна сцена.