03. Oct 2011 11:17 Врачени наградите на најдобриете есеисти во „Корени„
Во меморијалниот центар Пелинце, викендов се одржа традиционалната манифестација „Вечер со боја на виното„, на која се промовираше двобројот на списанието „Корени„, а беа доделени наградите на најдобрите есеисти од годинешниот конкурс за Мартовски есеи.
Истовремено беше промовирана и најновата монографска публикација „Куманово-Време во времињата на кумановскиот крај„. На промоцијата присуствуваа гости од Србија и Бугарија.
Промотор на списанието „Корени„ беше проф.др Лидија Капушевска Дракулевска која мошне инспиративно зборуваше за местото И улогата на „Корени„ во македонскста периодика, за неговата исклучивост и пораките кои ги праќа ширум Балканот. Инаку во двата двоброја на списанието учество зедоа преку 150 автори меѓу кои: Венко Андоновски, Ферид Мухиќ, Валентина Миронска Христивска, Јасмина Мојсиева Гушева, Дејан Богојевиќ, Валерио Орлиќ, Васил Тоциновски, Цонка Христива, Никола Данчев, Денис Пеичиќ, Христо Петрески, Томислав Османли, Јелена Лужина, Крзистан Помиан од ПОлска,, Татјана Дебељачки, Брус Роџер Холден, Станислав Краков и многу други- вели главниот уредник Димитар Масевски.
Тој ги врачи наградите на годинешните најдобри есеисти: Дејан Богојевиќ, Христо Петревски, Цинка Гристова И Томислав Османли, додека кај младите признанието го понесоа Силвија Краљвска, Теодора Југериновска И Емануеала Јосифовска.
На Ферид Мухиќ, кој дава перменетен придонес за негување на македонскиот есеј, редакцијата му додели посебно признание.Говорниот дел од вечерта заврши со обраќањето на Мухиќ, кој ги воодоошеви присутните со својата опсервација за приликите на Балканот.
Музичкиите нумери ги изведоа Милена Гиевска и Горан Лутовац.

