16. Aug 2011 13:45 Започна ликовната колонија „Карпино“

Традиционално по деветии пат се одржува ликовната колонија „Карпино“, на која годинава, ќе учествуваат четиринаесет ликовни уметници од Македонија, Бугарија, Србија, Словачка и Полска.

Thumbnail

Колонијата ќе трае од 15 до 22 август во амбинентот на манастирот „Воведение на Пресвета Богородица“, лоцирана во атарот на село Сув Ора, кумановско.

Очекуваме да бидат направени 30-тина дела - вели Зоран Павловски,претседател на здружението на граѓани Мултимедијален Центар „Карпино“.

Уметниците ќе творат во недопрената природа на Карпинскиот манастир, кој е изграден помеѓу 14 и 16 век. Делата од ликовната колонија ќе бидат презентирани пред граѓаните на Куманово, на изложба која традиционално се реализира во ноември, по повод денот на ослободувањето на градот. Ликовната колонија се одржува во рамките на манифестацијата „Кумановско културно лето 2011“ под покровителство на Градоначалникот и Советот на Општина Куманово.