16. Nov 2011 10:50 Заврши месецот на книгата
Во основното училиште Кочо Рацин, вчера се одржа завршната манифестација на месецот на книгата.
На манифестацијата присуствуваа писателите Стојан Тарапуза и Горјан Петревски. При тоа беа доделени награди за најдобри литературни творби за учениците од основните и средни училишта, како и за најдобри цртежи. На конкурсит пристигнале близу 180 раскази и пени, и 95 цртежи. Наградите ги врачи директорката на библиотеката Нада Иванова.
