14. Oct 2011 09:50 Завршуваат Деновите на комедија
Со претставата „Генерална проба за самоубиство„,во изведба на велешкиот театар, утре вечер завршуваат годинешниве четиринаесети Денови на комедија во Куманово.
Текстот за претставата е на Душан Ковачевиќ, во режија на Стојан Стојаноски, а настапуваат Јордан Витанов,Владимир Тулев, Славица Манаскова, Едмон Сотир и Кирил Гравчев.
На годинешниов фестивал на комедијата, беа прикажани 9 претстави од земјава и странство. Покрај МНТ и Драмски театар од Скопје, пред кумановската публика играа и театрите од Охрид, Прилеп, Велес, како и гостите од Белград, Пеќ и Ќустендил. Имаше и стендап комедија во изведба на актерите Весна Петрушевска, Домагој Пинтариќ и Перица Јерковиќ.
Фестивалот се одржува под покровителство на Министерството за култура и локалната самоуправа Куманово, а во организација на Националната установа Центар за култура „Трајко Прокопиев„.
