Спасовски: Низ преговорите со ЕУ ќе спроведеме реформи за подобар живот
„Време е за подобро и повеќе“, порача носителот на листата за ИЕ2 на Коалицијата „За европска иднина“, Оливер Спасовски на прес-конференција во Куманово, додавајќи дека тоа практично значи имплементирање на европските стандарди во сите сегменти на живеење.