Bucen Kozjak
16. 11. 2017 15:02

Кумановската болница доби инкубатор за новороденчиња

Кумановската болница доби инкубатор за новороденчиња

Инкубатор за бебиња, доби Одделението за гинекологија и акушерство во Кумановската болница, донација од Владата.

Се работи за современ софистициран апарат, кој ќе го подобри квалитетот на здравствената заштита на предвреме родените новороденчиња во Кумановската болница.

„Исто така ќе биде и олеснителна околност за Клиниката за гинекологија и акушерство и Клиниката за педијатрија, оддел за интензивна нега каде што се згрижуваат овие деца, кои по стабилизирање на состојбата ќе може да бидат вратени во нашата матична установа“ - изјави директорката на болницата Снежана Захариева.

Во кумановската болница сега има пет инкубатори, но нема специјалист неонатолог, па за новороденчињата се грижат педијатри.

Владата, вчера, донираше 16 нови инкубатори на одделението за интензивна на Клиниката за гинекологија и акушерство, а кумановската болница е една од десетте јавни здравствени установи кои добиваат инкубатор.

 Од почетокот на месецот, новата директорка Захариева, по трет пат обезбедува нова опрема. Прво со сопствени средства беа набавени десет нови апарати за физикална терапија, а потоа беа донирани нови инхалатори, ув ламб и топломери на Одделението за уво, нос и грло.