Euro Colleague
Bucen Kozjak
03. 11. 2014 12:35

Кванташкиот пазар и „бувљакот„ се селат на добиточниот пазар

Кванташкиот пазар и „бувљакот„ се селат на добиточниот пазар

На Добиточниот пазар во селото Долно Којнаре од наредната недела ќе се преселат пазарите за стари работи и пазарот на големо за овошје и зелнчук.

Вака денеска одлучија советниците во Советот на општина Куманово, откако нелегалните пазари кај спортската сала беа иселени пред неколку недели.

Со пазарите ќе стопанисува ЈП Пазаришта, а за користење на просторот на ќе се наплаќаат по 60 денари од метар квадратен.

“Од следниот месец, четврток и недела ќе бидат пазарни денови за стари производи. Продавачите од т.н. “бувљак“ ќе можат да продаваат од 5 до 19 часот. Од понеделник до недела на големо ќе се продаваат земјоделски производи, слично како на кванташки пазар. Плус донесовме одлука еден ден пред празниците Курбан Бајрам, Рамазан Бајрам, Велигден и Бадник да биде пазарен ден“ - вели Илир Саити, директор на “Пазаришта“.

Саити се пофали дека во период од април до јуни годинава “Пазаришта“ остварило добивка од 300.000 денари, а за истиот период расходите се намалени за 150.000 денари.

Кванташкиот пазар и „бувљакот„ се селат на добиточниот пазар