13. Oct 2011 14:00 Честитка од СДСМ до институциите што слават

 По повод 11-ти Октомври, општинската организација на СДСМ упати честитка до сите институции во градот што го слават својот патронет празник, и ги носат имињата на борците од НОБ.

Thumbnail

Исто времено изразуваме искрено жалење и разочарување што токму Куманово доживеа сквернавење на Спомен –Костурницата место каде почиваат оние кои ги дале своите животи за ние да живееме во мир. Уште повеќе разочарува фактот што сторителот е млад човек кој очигледно својата негативна енергија ја насочил на погрешен начин и погрешно место. Сметаме дека сите активни чинители во општеството, па и ние носители на политички функции треба да и укажеме на пошироката јавност на значењето на овие споменици и историските датуми. Тие не се само украс, туку белег за некои бурни времиња кога слободата на овој народ се бранела со живот. Македонската историја не ја чинат само Александар Македонски, Гоце Делчев и Даме Груев, тие се дел од македонската историја. Продолжението на таа историска приказна е НОБ и ситешто учествувале во неа. Не радува секоја средба со нашите борци, но со секоја година се поголема е нивната тага што низ цела Македонија се уништуваат споменици на паднати борци од НОБ, спомен на едно време историски значајно за македонскиот народ како и Илинденскот востание. Затоа нека чествувањето и почита кон борците не се сведува само на полагање свежо цвеќе на овиеспоменици, многу повеќе ќе значи вистинската грижа за овие културно историски споменици. Министерството за култура мора да изнајде средства, па покрај градењето нови, да ги реставрира оштетените споменици и да постави чуварски служби, барем за поголемите спомено бележја како што е нашата Спомен Костурница-симбол на градот Куманово- се вели во соопштението од СДСМ.