05. Nov 2011 12:18 Честитка од Советот за Курбан Бајрам
Претседателот на Советот на Општина Куманово, Виктор Цветковски упати честитка до сите верници од муслиманска вероисповест, по повод големиот празник Курбан Бајрам.
Во свое и во име на Советот на Општина Куманово на сите граѓани од муслиманската вероисповест им го честитам верскиот празник Курбан Бајрам. Им посакувам во топла домашна атмосфера да си поминат пријатни мигови со семејствата, блиските и пријателите. Воедно на сите кои се поклониле во Мека им го честитам крунисувањето на аџилакот.
