22. Nov 2011 14:04 Дрва ќе се садат и на граничен премин Табановце
На граничниот премин Табановце, автопат, утре во 12 часот на просторот на самиот премин, дрвца ќе садат цариници и полицајци.
Во акцијата ќе се вклучат и нивни колеги од српскиот граничен премин Прешево.
Акцијата ја организира Царинската испостава Табановце, Службата за управување со гранични премини и МВР.
